Екипите на Бадел и Вадар ја продолжува традицијата да настапува во регионалната женска кошаркарска АБА конкуренција. Младите кошаркарки на двата тима ќе настапуваат во кадетска конкуренција (до 17 години).
Првиот во Шабац, на програмата е претстојниот викенд (30 септември и 1 октомври). Двете екипи ќе играат против тимовите на Дуга и Будуќност.
„Иако во ова натпреварување ќе настапуваме со една-две години помлади кошаркарки, сепак тоа е ќе биде непроценливо искуство за овие девојчиња.
Играњето на натпревари со повозрасни и во посилна конкуренција може само да им помогне да согледаме до каде сме со работата и квалитетот“,
вели Дарко Димитриевиќ предводникот на баделки во изјавата за СПОРТ+.
Искуството на Димитриевиќ, кој е долги години во младинската кошарка, на ваквите и слични натпревар секако е добредојдено, пред се за кошаркарките.
„Иако реално резултатот е во втор план, сепак ќе се обидеме да се претставиме во најдобро можно светло.
Ќе биде тешко, но ентузијазмот и желбата со која работеа во изминатиот период за овие натпревари, кај самите кошаркарки ми влева надеж“,
дополнува Димитриевиќ.
Во првата руна (сабота), Бадел ќе игра против Дуга, а Вардар против Будуќност. следниот дел (недела) македонските екипи само ќе ги сменат противниците.
СПОРТ + ќе информира за сите актуелности од настапите на напите претставници во ова младинско натпреварување.