Најдобро рангираната тенисерка на светот Ига Швјонтек го заврши својот настап на УС Опен. За големото изненадување се погрижи Јелена Остапенко.
21-во рангираната на АТП листата со пресврт славеше победа над „топ“ фаворитката со 2:1 во сетови и обезбеди место во четвртфиналето.
Иако првиот сет одеше според очекуваното и Швонтек го доби со 6-3, сепак во следните два Полската тенисерка беше не препознатлива.
Естонката, во вториот возврати со 6-3, а третиот го доби убедливо со само еден загубен гем (6-1).
26-годишната Остапернко во четвртфиналето за противничка ќе ја има домашната маченичка Коко Гоф.
19-годишната Американка, исто така во три сета славеше победа над Каролин Возњјацки со 6:3, 3:6 и 6:1.
Тоа е првиот од двата познати пара во четвртфиналето кај дамите. Вториот го сочинуваат Романката, Кристеа и Мучова од Чешка која е 10-та носителка на УС Опен.