Лионел Меси врза два натпревари во дресот на Интер Мајами во кои не постигна гол. Откако

Аргентинецот постигна 11 гола на првите 10 натпревари и го освои Лига купот, сега во лигашкиот дел тоа не му успева.

Тимот од Флорида го совлада Лос Анџелес со 3:1, но без голгетерскиот ефект на капитенот.

Меси не се запиша во листата на стрелците, но двапати им асистираше на соиграчите.

Неговите асистенции дојдоа во вториот дел при постигнувањето на головите на Алба и Кампана.

Меси не го криеше задоволството од ефектот, па по натпревари изјави:

„Натпреварот против Лос Анџелес, тимот кој е третопласиран во Западната конференција, беше можност да видиме каде сме и какви се нашите можности.

Одигравме одлично против многу квалитетен тим, триумфиравме на гостински терен и постигнавме многу значајна резултат кој може многу да ни значи во иднина.

Овој тим на Интер има квалитет да стигне до плеј-офот и сигурен сум дека ќе успееме во тоа.

Од ден на ден растеме, нашата самодоверба е огромна, веруваме во себе и ќе се обидеме да ја оствариме целта што ја зацртавме. пред нас“,

изјави Меси.

Интер е на претпоследната 14-та позиција на табелата во Источната конференција, со 25 освоени бодови од исто толку одиграни натпревари.

До крајот на регуларниот дел од сезоната остануваат да се одиграат уште осум кола.