Екипата на Мулти Есен го совлада Аеродром во дуелот на двата нови членови во ракометната Супер лига.

Во интересен натпревар Мулти Есенс славеше минимално нас РК Аеродром со 31:30. Впрочем овие две екипи и минатата сезона во ранг подолу водеа жестока „битка“.

Божидар Илиески со 10 постигнати голови беше најефикасен во на натпреварот и во победничката екипа.

Ова беше втора победа за Мулти Есен во подготовките, откако претходно го совладаа и Скопје со 33:27.

За Мулти Есенс следниот предизвик ќе го има на меморијалниот турнир што неделава ќе се игра во Прилеп.