Новак Ѓоковиќ уште еднаш потврди зошто е најдобриот светски тенисер иако во моментов е на второто местото на АТП ранг листа.
По речиси четири часа игра Србинот во финалето на Мастерсот во Синсинати го совлада прво рангираниот на АТП, Карлос Алкараз со 2-1 во сетови.
Точно еден час се играше првиот сет кој го доби младиот Шпанец. Ѓоковиќ прв направи брејк и поведе со 4:2, но веќе во следниот гем, Алкараз возврати со рибрејк.
Во 11-тиот гем Алкараз уште еднаш го одзема сервисот на противникот, а потоа на свој сервис го реализира и сетот со 7:5.
Во вториот сет. Ѓоковиќ имаше големи проблеми. Во третиот гем, со три двојни сервис грешки, му дозволи брејк на Алкараз, за водство од 3:1.
Но, Србинот, кој во меѓувреме побара и кратка лекарска помош, успеа да се врати во игра. Направи брејк во осмиот сет, а потоа го доби и следниот за водство од 5:4. Во продолжение двајцата тенисери го добиваа својот сервис, па се играше тај-брејк. Во него, младиот Шпанец, имаше и меч топка, која Ѓоковиќ ја спаси, а потоа го доби со 8-6 на поени, за израмнување на 1-1 во сетови.
Ве решавачкиот трет сет. Ѓоковиќ направи брејк во седмиот гем за водство од 4:3. Имаше Србинот по две меч топки во деветтиот и десеттиот гем кои Шпанецот ги спаси и се избори за тај-брејк.
Искуството пресуди. Одзеде два поени на сервис на Шпанецот и ја искористи петтата меч топка, добивајќи го тај-брејкот со 7-5 на поени.
Ова беше четвртиот меѓусебен дуел на овие двајца тенисери. Сега резултатот е израмнет 2-2. Ѓоковиќ покрај во Синсинати победи и на Роланд Гарос. Алкараз , триумфираше во првата пресметка во Мадрид и претпоследната на Вимблдон.