Загрепски Динамо по синоќешната елиминација од Лигата на шампионите, денеска ја дозна и казната за нередите што ги направија неговите навивачи „Бед Блу Бојс“ .
УЕФА донесе одлука за забрана на гостување на сите наредни натпревари на хрватскиот првак во евро-куповите.
„Веќе претходно, поради големиот ризик, УЕФА им забрани на хрватските и грчките навивачи да одат на гости, но таа одлука не ја исполнија навивачите на Динамо кои заминаа во Атина.
Навивачот на АЕК, Михалис Кацурис, беше убиен во нередите што избија ноќта пред да се одигра првиот натпревар, а УЕФА сега донесе одлука да спречи какви било инциденти во иднина.
За гостинските тимови кои пристигнуваат во Хрватска можат да продолжат да ја добиваат целосната распределба на билетите.
Динамо и надлежните органи мора да ги преземат сите неопходни мерки за да се осигура безбедноста на гостинските навивачи. УЕФА директно ќе ги информира надлежните органи на земјите/градовите домаќини за оваа мерка“, се вели во соопштението на УЕФА.
Динамо синоќа во драматичниот реванш со АЕК во Атина, прими гол во 100-тата минута и одигра со 2:2. Тоа не беше недоволно Динамо да остане во Лигата на шампионот, бидејќи првиот дуел во Загреб го загуби со 2:1.
„Синте“ ќе го продолжат својот настап во плејоф рундата за Лига Европа.