Во Втората македонска фудбалска лига, денес ќе се одигра само еден натпревар.

Екипата на Скопје на својот терен ќе ја угости екипата на Детонит Плачковица.

Скопјани во првото коло одиграа 1:1 во Македонска Каменица и сега пред своите гледачи ќе имаат шанса за поправен. Амбициите се брзо враќање во Прва лига, меѓутоа тој пат е многу тежок.

Детонит Плачковица одигра одличен натпревар во првото коло и со 1:0 славеше против екипата на Вардар Неготино. Минатата сезона покажаа дека знаат како се игра против фаворитите, па така и денес очекуваме од нив одличен фудбал.

ВТОРА ЛИГА – 2.КОЛО
ПЕЛИСТЕР – НОВАЦИ 4-0
БАШКИМИ – ПОБЕДА 2-1
БЕСА – БЕЛАСИЦА 2-0
АРСИМИ – КАМЕНИЦА САСА 4-0
ТЕТЕКС – ОСОГОВО 2-1
ВАРДАР НЕГОТИНО – КОЖУФ 1-2
СКОПЈЕ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА (денеска)
ОХРИД – КАРАОРМАН (30 август)