Понеделнички вообичаено се објавуваат најновите тениски рангирања. На денешната, неколку промени во ТОП 10, но не и на врвот, односно водочкиот квартет.
И натаму лидер е Карлос Алкараз пред Новаќ Ѓокоиќ. Во пресрет на мастерсот во Синсинати, Шпанецот влегува со предност од 598 бодови во однос на Србинот.
По нив слетуваат Русинот, Данил Медведев и Гркот, Стефанос Циципас.
Промени има од 5-тото до 8-то место. Данецот, Рине сега е петти, а Италијанецот, Синер кој синоќа триумфираше на турнирот во Монтреал изби на 6-то место. Тоа го потисна Норвежанецот, Руд на седмата, а Русинот, Рубљев на осмата позиција.
Американците, Фриц и Тиафо ја заокружуваат најдобрата десетка.