Македонија против Словенија за место во четврт-финалето
на Евробаскетот во Скопје

Денеска продолжуваат натпреварите на Европското првенство во Скопје, за кошаркари до 16 години.

Започнува разигрувањето за пласман, односно осминафиналната рунда.

Македонските кадети со една победа (Белгија) и два убедливи порази (Франција и Литванија) завршија како трето пласирани во Б групата.

Сефа црвено-жолтите за противник ќе ги имаат врсниците од Словенија.

Ова е првиот во низата исклучително важни натпревари.

Имено, победникот од овој натпревар не само што ќе обезбеди четврт-финале, туку истовремено ќе избори и опстанок во елитната „А“ дивизија.

Затоа избраниците на селекторот Александар Јованчев, ќе мора да дадат се од себе и да се израдуваат на втората победа.

Натпреварот Македонија и Словенија ќе биде третиот на програмата во во СЦ „Кале“, а ќе започне од 18.30 часот. Влезот во салата е слободен.

Победникот од овој натпревар во четвртфиналето ќе игра против подобриот од натпреварот меѓу Шпанија и Летонија.

Дуелот Македонија – Словенија може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ