На Светското првенство во ракомет што се одржува во Полска и во Шведска денеска на програмата се осум натпревари од второто коло. Тоа значи и почеток на нова рунда натпревари, по која многу нешта ќе бидат појасни особено што дел од репрезентациите со нова победа ќе имаат обезбедено пласман во Главната фаза.

Посебно внимание ќе привлече дуелот меѓу Црна Гора и Иран, од причина што на клупата на Иран седи темпераментниот Црногорец Веселин Вујовиќ. Унгарија ќе се обиде да му се реваншира на Исланд за елиминацијата на ланското Европско во „европскиот дуел“ од Д групата во Кристијанштад, додека посебен белег ќе остави и „јужноамериканската пресметка“ Бразил – Уругвај каде „кариоките“ се фаворити.

Распоред на натпреварите 4.ден:

А ГРУПА КРАКОВ

1.коло: Чиле – Иран 24:25  Шпанија – Црна Гора 30:25

2.коло: Црна Гора – Иран (почеток 18 часот) Шпанија – Чиле (20:30 ч.)

Б ГРУПА КАТОВИЦЕ

1.коло: Франција – Полска 26:24 Саудиска Арабија – Словенија 19:33

2.коло: Франција – Саудиска Арабија (18:00 ч.)   Полска – Словенија (20:30 ч.)

Ц ГРУПА ГЕТЕБОРГ

1.коло: Зеленортски острови – Уругвај 33:25 Шведска – Бразил 26:18

2.коло: Бразил – Уругвај (18:00 ч.) Шведска – Зеленортски острови (20:30 ч.)

Д ГРУПА КРИСТИЈАНШТАД

1.коло: Унгарија – Јужна Кореја 35:27, Исланд – Португалија 30:26

2.коло: Португалија – Јужна Кореја (18:00 ч.) Исланд – Унгарија (20:30 ч.)