Барселона го загуби дербито со Анадлолу Ефес

Белградски Партизан продолжува со одличните игри во Евролигата.

Во натпревар од 19.коло пред своите бројни симпатизери, црно-белите ја надиграа шпанската Басконија со 83-65.

Дури шестмина играчи на домаќините имаа двоцифрен број на постигнати поени, а најмногу 15 Урош Трифуновиќ. Тоа беше четвртата победа на Партизан во последните пет натпревари.

И Жалгирис е со ист скор на последните пет натпревари. Литванскиот тим до нова победа стигна на гостувањето кај Милано кој го совлада со 66-61.

Дербито на оваа рунда се одиграна во Барселона. а победата му припадна на актуелниот шампион Анадолу Ефес. Турскиот клуб славеше со 80-75.

По 19-кола, лидер на табелата е Реал Мадрид со „скор“ 13-6 (победи-порази), и има една победа повеќе од конкурентите кои се зад него, Олимпијакос, Фенербахче, Барселона и Монако.