Младите македонска репрезентација претрпе нов убедлив пораз на Европското првенство за кошаркари ди 16 години што се одржува во Скопје.
Откако вчера загубија од Франција со 57 разлика (56–113), денеска се совладани од Литванија со 43 разлика (52-95).
Уште од самиот почеток, Литванските момчиња најавија дека напите нема што да бараат во овој дуел. Веќе на полувремето гостите имаа 23 поени предност (26-40). Во вториот дел Литванците рутинирано ја зголемуваа разликата и на крајот славеа со +43.
Со овој пораз, како и поразот на Белгија од Франција, репрезентацијата на Македонија заврши како трета во својата група.
Утре е слободен ден на првенството по што во среда, сите 16 репрезентации ќе играат во осминафиналната рунда.
Македонија за противник ќе ја има Словенија која по поразот од Италија денеска, заврши како второ пласирана во „А“ групата.