Македонската кадетска репрезентација го претрпе вториот пораз на меѓународниот турнир во Скопје. По Израел, денеска Грција ги надигра црвено-жолтите и тоа убедливо со 52-91.
Избраниците на селекторот Александар Јованчев, единствено беа рамноправни во втората четвртина, која ја загубија со поен разлика (16-17). Во останатите три нашиот јужен сосед беше убедлив, на најмногу во последната која ја доби со 22-04.
Остануваме Доријан Ивановски, ниту еден друг македонски кошаркар немаше двоцифрен број на поени. Но, тие се најмалку важни кога тимот прими без малку сто поени и загуби со 39 разлика.
Утре (18.30 часот) македонските кадети ќе играат против врсниците од Шпанија.
Овој турнир е вовед за пристојното Европски кадетско првенство за кошаркари до 16 години, чиј домаќин е Скопје, од 5 до 13 август.