Слободанка Кицеска го продолжи договорот со шампионот Ѓорче Петров.

Кицеска во тимот се приклучи пред две сезони. Голманката со Ѓорче Петров има освоено две титули во националното првенство.

Таа потекнува од Струшкиот клуб Стружанка каде потоа беше дел од тимот на Вардар.

Слободанка играше и за тимот на Чаир до 2021 година по што потпиша за шампионот Ѓорче Петров.

Ѓорче Петров во наредната сезона ја ангажираше и голманката Јована Трајкоска која ќе и се придружи на Кицеска на голот.
Кицеска има настапувано за кадетската и младинската репрезентација на Македонија.

Ѓорче Петров претходната сезона заврши на првото место во женската Супер лига.

Ѓорче Петров организира турнир каде тие и Вардар ќе учествуваат од македонските тимови. Воедно меѓу учесниците ќе има две грчки екипи ПАОК Солун и Панорама, и четири тима од Србија Железничар Инџија, Бекамент Аранѓеловац,Бор и Црвена Звезда.

Ивона Кимовска