По едно дневниот одмор македонските јуниори го продолжуваат настапот во Б дивизијата на ЕП за кошаркари до 18 години.
Трите порази (В. Британија, Австрија и Исланд) и само едната победа (Норвешка), значеа пласман во долниот дел од табелата. Со тоа наместо четврт-финале, црвено-жолтите ќе разигруваат за пласман од 9 до 16.место.
Прв противник вечерва е селекцијата на Унгарија со која избраниците на Апостолски Лечиќ ќе играат во терминот од 19 часот.
Победникот ќе разигрува со подобриот од дуелот Португалија – Естонија за пласман од 9 до 12 место, а поразените ќе играат за пласман од 13 до 16 место.
Натпреварот Македонија – Унгарија ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.