Македонската јуниорска репрезентација претрпе вистински дебакл во дуелот со врсниците од Исланд. Во натпреварот од 4.коло на Б дивизијата на ЕП за кошаркари до 18 години, Македонија е поразена со 32 разлика 92-59.
Окуражени по вчерашната победа над „ски-скокачите“ од Норвешка, денеска нашите младинци „влегоа во мрежата“ на „рибарите“ од Исланд.
Потценувачки и без вистинска идеја и стратегија, избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ го одиграа денешниот натпревар. А, кога така ќе се влезе во натпреварот, јасно е што следува.
На крајот можеме да бидеме дури и „задоволни“ што не изгубивме и со поголема разлика.
Ваква лекција одамна нема доживеано младинскиот мак-баскет.
Индивидуалните учиноци е срамно да се споменуваат при ваков пораз, тоа ќе го оставиме на други.
Така Македонија која некогаш беше велесила за В.Британија, Австрија и Исланд (порази), сега со само една победа над Норвешка заврши на 4-тото место во оваа конкуренција.
И наместо да разигрува за ТОП-8 што беше „бомбастично најавувано“, сега „пулените“ на Апостолски Лечиќ ќе играат за пласман од од 9 до 16 место.