Понеделник е стандарден ден за најновите тениски рангирања. На машката АТП листа нема промени во ТОП 10.

Така и натаму лидер е победникот на Вимблдон, Карлос Алкараз пред финалистот Новак Ѓоковиќ, но разликата сега е 580 бодови.

Имено, на Шпанецот му беа одземени 300 поени освоени во истиот период лани, кога Ноле не играше, па победникот на Вимблдон.

Но, Новак и неговите фанови не можат премногу да ја слават. Србинот поради исцрпеност и замор реши да се повлече од Мастерсот во Торонто кој започнува на 7 август.

„Играњето во Канада отсекогаш ми претставувало задоволство, но во разговор со тимот дојдов до заклучок дека најдобро е да го пропуштам овој турнир. Жал ми е поради тоа, пред се за навивачите и се надевам дека во иднина повторно ќе можам да играм пред нив“, изјави Ѓоковиќ.

Редоследот на преостанатите осум тенисери во Топ 10 остана ист како минатата недела, што значи дека трет е Данил Медведев, а потоа следуваат Каспер, Руд, Стефанос Циципас, Холгер Руне, Андреј Рубљоив, Јаник Синер, Тејлор Фриц, Френсис Тиафо.