Најдобриот македонски тенисер во моментов, Калин Ивановски бележи пад на најновото рангирање на АТП листата.

Калин е четири места послабо рангиран во однос на минатиот понеделник.

По елиминацијата во 1.коло на фјучрсот во австрискиот град Тефлс, Калин сега е на 353-тото место.

Минатата недела Калин го имаше својот најдобар ранкинг во кариерата кога се најде на 331-та позиција на АТП листата.