Одбојкарската репрезентација на Полска за прв пат ја освои Светската лига на нации.

Во финалето Полјаците пред домашната публика во Гдањск пред 10.620 гледачи ја победија репрезентацијата на САД со 3:1.

Во првите два сета се водеше голема борба. Првиот им припадна на домаќините со 25-23, а вториот го добија Американците на разлика со 26-24.

Во третиот и четвртиот сет, Американците беа надиграни во секој сегмент. Полјаците едноставно доминираа, го добија третиот и четвртиот сер со идентични (25-18).

Така полските одбојкари за прв пат го освоија пехарот наменет за најдобрите во Светската лига на нации. Претходно два пати беа бронзени (2019 Чикаго и 2022 Болоња), а сребро освоија во Римини пред две години.

Американците и по своето трето финале остануваат без злато,. За нив ова е трет сребрен медал (2019 Чикаго и 2022 Болоња), додека во Лил 2018-та освоија бронза.

Годинава бронзата им припадна на Јапонците кои во дуелот за 3.место со 3:2 ја победија Италија.

Така во Скопје на Европското првенство ќе ја гледаме најдобрата селекција од Светската лига на нации, Полска.

Македонските одбојкари против Полјаците ќе играат на 3 септември.