Јуниорската репрезентација на Македонија (до 18 години) е во португалскиот град Матошинос, каде стартува Европското првенство од дивизијата „Б“.
Нашите репрезентативци се слободни на првиот дел, а тоа секако ќе го искористат за тренинг.
Во пресрет на натпреварите, селекторот Андреј Апостолски Лечиќ ги изнесе своите очекувања.
„Во текот на подготовките имавме неколку повреди кои никој не ги посакува. За жал, за некои играчи тоа значеше и дека нема да отпатуваат со нас. На контролните натпревари не бевме комплетни скоро на ниту еден натпревар, па не можевме да видиме јасна слика. Па оттука, ги користевме за напредување во играта на нашиот тим, па и резултатот беше на втор план. Но се знае дека сега, на европското првенство, овде во Португалија, резултатот е во прв план. И затоа, ќе дадеме се од себе да оставиме добар впечаток“, вели селекторот.
Макеоднија е денеска слободна, а утре во второто коло од групата „А“ за противник ја има селекцијата на Велика Британија.
„Првиот натпревар против Велика Британија претставува еден од најважните натпревари во понатамошниот дел од првенството. Анализирани се противниците и ќе дадеме максимум да го победиме противникот. Во составот имаме дури седум помлади играчи од генерацијата, што ќе помогне и во наредните години, со собирање на искуство и одлични натпревари во нозете. Во составот во кој сме овде, ќе дадеме се од себе уште еднаш летово да ја израдуваме цела нација и да направиме што поголем успех во рамките на нашите можности“- порачува селекторот пред почетокот на првенството во Португалија.
Сите актуелности поврзани со нашата селекција како и натпреварите во ЖИВО можете да ги СЛЕДИТЕ ОВДЕ.