Последен ден на Европското првенство (Б дивизија) за кошаркари до 20 години во Скопје.

И верувале или не!? Македонија ќе го игра последниот, ФИНАЛЕН, натпревар.

Младинската репрезентација на Македонија со полуфиналната победа над Украина, се избори за финалето, а со тоа им отвори простор на помладите генерации да играат во елитната „А“ дивизијата.

Целта е остварена. Останува на овие момчиња да го заокружат со злато својот настап.

Последна пречка до тоа ќе биде селекцијата на Чешка, онаа иста од која на отворањето на првенството црвено-жолтите беа поразени.

Токму тој пораз треба да биде и мотив повеќе, во веруваме исполнетата арена „Борис Трајковски“ каде од 21 часот ќе започне финалниот натпревар.