Женската јуниорска репрезентација на Македонија за кошаркарки до 18 години, попладнево ќе го одигра последниот натпревар во Б дивизијата на Европското првенство во Софија.
Со една победа и четири порази избраничките на Јелена Антиќ ќе се борат со врсничките од Австрија за освојување на 15-место на првенството, на кое настапуваат вкупно 18 репрезентации.
За трофејот ќе се надигруваат јуниорките на Хрватска и Луксембург, додека БиХ и Грција ќе играат за третото место.
Последниот натпревар македонските јуниорки ќе го започнат во терминот од 14 часот и 30 минути, а истиот ќе можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.