Младата машка репрезентација на Македонија за одбојкари до 17 години попладнево ќе го одигра последниот натпревар на Балканското првенство што се одржува во Тирана.

Избраниците на селекторот Ванче Санев, по трите порези во групната фаза и победата над Црна Гора во разигрувањето за пласман, денеска ќе се сретнат со албанските врсници. Тоа ќе биде дуел кој ќе реши која селекција ќе заврши на петата позиција на првенството.

Ова ќе биде втор дуел на овие две селекции кои играа во првото коло од А групата, а тој меч заврши со победа на домаќините со 3-1.

Тоа секако ќе биде и дополнителен мотив за црвено-жолтите да одиграат уште еден квалитетен натпревар и со победа да го заокружат својот настап на Балканијадата.

Мечот меѓу младинските селекции на Македонија и Албанија ќе започне во терминот од 15.30 часот, а истиот ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.