Младинската репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години, попладнево го започнува својот настап во Б дивизијата на Европското првенство што се одржува во Скопје. 

Иако конкуренцијата е силна, сепак целта е јасна пласман во елитното друштво, односно А дивизијата, вели Амар Хот. 

Задачата нема да биде нималку лесна, бидејќи само првите две позиции од групата водат во разигрувањето односно четвртфиналето, а за остварување на целта, мора да се обезбеди медал, односно пласман меѓу трите најдобри селекции на ова првенство.