Од денеска до 16 јули во Скопје ќе се играат натпреварите во Б дивизијата на ЕП за младинци, односно кошаркари  до 20 години.

Македонската репрезентација своите средби ќе ги игра во СЦ Кале, а сите се во терминот од 18:30 часот.

Репрезентациите се поделени во четири групи од кои двете првопласирани ќе обезбедат пласман во четвртфиналето.

Македонија ќе игра во А групата, а во првото коло противник е селекцијата на Чешка.

Утре (в сабота) ќе следи натпреварот со Словачка, а по двата слободни дена во вторник и среда на програмата се натпреварите против младинците од Бугарија и Ирска.

Пласман во А дивизија ќе обезбедат освојувачите на медали (1, 2 и 3 место).

Натпреварите на нашите младинци можете да ги гледате во ЖИВО ОВДЕ