Бранителката на шампионскиот трофеј на Вимблдон од минатата година Елена Рибакина се пласира во второто коло на годинашното издание.
Потешко од очекуваното узбекистанската тенисерка ја победи Американката, Шелби Роџерс играчки три сета.
Во мечот што траеше 105 минути, Американката го доби првиот сет со 6-4. Тоа како да ја разлути шампионката Рибакина која во наредните два сета на противничката и препушти само три гема, добивајќи го вториот со 6-1, а третиот сет со 6-2.
Во втората рунда Рибакина ќе игра со победничката од дуелот меѓу Французинката, Ализе Корнети и Јапонката, Нао Хибино.