Најдобро рангираниот светски тенисер, Карлос Алкараз лесно ја мина првата пречка на Вимблдон.

Младиот Шпанец за само 1 час и 55 минути игра во првото коло, го совлада францускиот тенисер Жереми Шарди совладувајќи го со 3:0 во сетови.

Алкараз победата ја најави уште во првиот сет кој го доби без загубен гем (6-0). Само два гема му препушти на противникот во вториот кој го доби со 6-2, но во третиот Французинот даде поголем отпор. Шарди водеше и со 4-2, но Шпанецот се врати во игра го доби сетот со 7-5, а мечот со 3:0.

И во следната рунда Шпанецот за противник повторно ќе има Французин и тоа победникот од дуелот меѓу Алаксандре Милер и Артур Риндеркреш.