Јуниорската репрезентација на Македонија за кошаркари до 18 години е поразена нивните врсници од Грција. Во воведниот натпревар од од меѓународниот турнир „Бобан Петковски“, што се одржува во Гевгелија, нашите надежи загубија со 27 поени разлика (66-93).

лошо прво полувреме одиграа избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ. па откако откако ги загубија првите две четвртини (17-21 и 14-26), на големата пауза заминаа со 15 поени негатива (31-46).

Во третиот период подобра игра пред се во одбраната што резултираше со само 13 примени поени, а тоа пак ја преполови негативата (51-59). И наместо да продолжат во ист ритам сосема поинаква слика во последната четвртина. Гостите едноставно постигнуваа кошеви кога и како сакаа, па во тој период уфрлија дури 33 поени наспроти 15-те на црвено-жолтите, за на крајот македонските репрезентативци да завршат со негатива од 27 разлика.

Без разлика што станува збор за контролен натпревар, по ваков резултат индивидуалните постигнувања СЕ НЕВАЖНИ.

Утре нашите јуниори за противници ќе ги имаат Црногорците кои попладнево играат против Израел.

Потсетување дека овие натпревари се дел од подготовките за настап во „второлигашката„ конкуренција на Еврипскиот шампионат за играчи до 18 години.

МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР „БОБАН ПЕТКОВСКИ“ 2023 – ГЕВГЕЛИЈА
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
27. јуни (вторник)
17.00 МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА
19.00 ЦРНА ГОРА – ИЗРАЕЛ
28. јуни (среда)
17.00 МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА
19.00 ГРЦИЈА – ИЗРАЕЛ
29. јуни (четврток)
17.00 МАКЕДОНИЈА – ИЗРАЕЛ
19.00 ГРЦИЈА – ЦРНА ГОРА