Ване Јованов е ново засилување за Брегалница за новата натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига.

24-годишниот офанзивец повторно се враќа меѓу „сините“ за кои настапуваше во сезоната 2017/18.

Претходно во кариерата има настапи и за Академија Пандев, Вардар, Каменица Саса, а сега во Брегалница доаѓа од редовите на прилепска Победа каде играше изминатава сезона.

Јованов е второ засилување за Брегалница во летниот преоден рок откако претходно во својот клуб се врати и голманот Мартин Давков.