Женската кошаркарска репрезентација на Белгија е новиот Европски шампион. Белгијките во финалето на континенталното првенство, чија завршница се играше во Љубљана, ја совладаа селекцијата на Шпанија со 64-58.

Иако шпанските кошаркари 36-минути имаа предност, а најголемата изнесуваше и 10 поени, сепак со фантастична завршница Белгијките стигнаа до заслужена победа.

Предводена од Ема Месеман која финалето го заврши со 24 поени и 8 скокови, белгиските кошаркарки направија комплетен пресврт и за само 4 минути да го свртат резултатот во своја полза.

Токму Месеман беше прогласена за МВП на првенството, а Белгија за прв пат стигна до златниот медал, вкупно трет медал од Европските шампионати, на кои претходно во 2017-та и 2021-година одвојуваше бронза.

Шпанија која беше Европски првак на три од последните пет шампионати (2013, 2017 и 2019), го освои вкупно 11-тиот медал (втор сребрен).

Бронзениот медал и припадна на Франција која со 82-68 го доби дуелот за 3.место против Унгарија.