Србија и Германија го комплетираа списокот на репрезентации кои ќе играат во четвртфиналето на женското Европско кошаркарско првенство.
Ова откако кошаркарките на Германија во осминафиналната рунда ја победи селекцијата на Словачка со 79-69, додека Србија се изнамачи во дуелот со Велика Британија која ја совлада со 66-60.
Така во четвртфиналната рунда, Германките за противнички ќе ги имаат кошаркарките на Шпанија, а Србија повторно ќе има тежок противник, а тоа селекцијата на Белгија.
Преостанатите два пара за четвртфиналето ги сочинуваат, Унгарија – Чешка и Франција – Црна Гора.
Утре слободен ден на првенството, а натпреварите продолжуваат во четврток.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО – ЖЕНИ (четврт-финале)
четврток
12:15 Унгарија – Чешка
15:00 Белгија – Србија
18:00 Франција – Црна Гора
20:45 Шпанија – Германија