Женската репрезентација на Македонија го доби првиот меч од пресметката со Албанија и поведе со 1:0 откако Магдалена Стоилковска по 2 часа и 33 минути игра ја совлада Кристал Дуле со 2-1 во сетови (67(5), 62 75). Со овој поен Македонија поведе во дуелот со Албанија.
Првиот сет почна со по еден брејк на двете тенисерки, а Стоилковска поведе со 3:1 во гемови, но противничката направи серија од три гема за водство од 4:3. До крајот ниту една тенисерка немаше предност од повеќе од еден гем. Во тај брекот нрешено беше до 4:4 на поени, а потоа Дуле прва освои три поени што беше доволно за да го добие првиот сет во тај брекот беше 7:5 на поени.
Во вториот сет Стоилковска поведе со 3:0, а потоа водеше и со 5:1 за сетот да го заврши со 6:2 и да изедначи на 1-1 во сетови.
Во решавачкиот сет Албанката Дуле поведе со 3:1 во гемови, но следуваше серија од четири гема за Стоилковска и предност од 5:3. Сепак противничката изедначи на 5:5, но со нов брејк Стоилковска поведе со 6:5, а потоа го реализираше и гемот на свој сервис за 7:5.
Во вториот меч играат Лина Ѓорческа против Греши Бајри.