Ретко кога се случува во еден ден фудбалски клуб да објави дека потпишал договор со дури осуммина фудбалери. Таков е денешниот случај со битолски Пелистер кој информира дека ја продолжи соработката со осуммина македонски фудбалери. 

Станува збор за: Благоја Љамчевски, Петар Љамчевски, Бојан Спиркоски, Марио Наумоски, Филип Миленковски, Христијан Гроздановски, Борче Маневски и голманот Илче Петровски, информираат од клубот. 

Пелистер не успеа минатата сезона да се вброи меѓу екипите што обезбедија прволигашки статус (Воска спорт, Гостивар и Вардар го направија тоа), но затоа амбициите на битолскиот тим за следната секако е вражање на Пелистер онаму каде што пропаѓа, Првата македонска фудбалска лига.