Македонија односно Скопје, ќе биде еден од градовите домаќини на претстојното Европско првенство во одбојка во машка конкуренција.

Во скопската група, покрај нашата репрезентација ќе настапуваат и селекциите на Данска, Црна Гора, Полска, Холандија и Чепка, против кои Македонија ќе игра редоследно од 30 август до 6 септември.

Подготовките за успешен настап и организација на првенството одамна се започнати, а денеска Одбојкарската федерација на Македонија, ги повика сите заинтересирани што сакаат да активно ужество во организацијата на првенството, да аплицираат аплицираат за волонтерските позиции.

Повикот на федерацијата ви го пренесуваме во продолжение.

Биди дел од ЦЕВ Европското првенство во одбојка за мажи во групната фаза во Скопје и придружи му се на тимот волонтери во историскиот момент за нашиот спорт и за цела Македонија.
Апликацијата за волонтери е отворена за сите заинтересирани коишто ќе може да се пријават до пополнување на потребниот број волонтери во тимот за ЦЕВ ЕуроВолеј 2023.
Сите детални информации околу првенството, волонтерските активности и конкретните задачи, со прецизно објаснување на часовите и на деновите за работниот ангажман, може да ги најдете на веб страната на Одбојкарската федерација на Македонија, во делот за волонтери.
За сите дополнителни прашања и информации контактирајте ja нашата менаџерка Нада Рочевска од NR Sports Volunteering Solutions на емаил адресата: rocevska@gmail.com

Апликацијата за волонтирање може да ја преземете на следниот линк
aplikacziјa-za-volontiraњe-czev-eurovoleј-2023