Четири меча од четвртфианлето и двата полуфинални дуели во двојки ќе бидат на програмата во петок на фјучрсот во Скопје. Секако најинтересен за домашната публика ќе биде мечот на најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски против Мирза Башиќ (БиХ). Овој меч е трет на програмата на централниот терен, на кој претходно ќе се играат два меча од четвртфиналето. Според распоредот мечот нема да почне пред 13:30 часот, а можно е да почне и подоцна.

Покрај трите меча на централниот терен, мечеви ќе се играат и на теренот број 5.

Централен терен – почеток 10 часот
Неил Оберлеитнер (Австрија) – Саша Ж. Вајенбург (3,Франција) – 1/4 финале сингл
Миљан Зекиќ (1,Србија) – Ерги Киркин (5,Турција) не пред 11:30 часот – 1/4 финале сингл
Калин Ивановски (4,Македонија) – Мирза Башиќ (Босна и Херцеговина) не пред 13:30 часот 1/4 финале сингл

Терен број 5 – почеток 10 часот
Риан Голсворти, Џејмс МакКинлеј (В.Британија) – Јанаки Милев, Петр Нестеров (3,Бугарија) – 1/2 финале дубл
Вито Тнејц (Хрватска) – Тоби Мартин (В.Британија) – не пред 11:30 часот – 1/4 финале сингл
Стефанос Скинас (Грција), Ханс Алберт Шуберт (Чиле) – Саша Ж.Вајенбург, Антоан Оанг (2,Франција) не пред 13:00 часот – 1/2 финале дубл

Влезот е слободен.