Кошаркарите на Анадолу Ефес се на чекор од пласман финалето на плеј-офот во турската Супер лига.
Ефес пред своите гледачи го совлада големиот ривал Фенербахче со 97:91 за водство од 2-1 во победи во серијата подобар до три.
Решавачки беше последниот дел кој Ефес го доби со 26:13, а во последните десет минути Василије Мициќ постигна 12 од вкупно 25 поени.
Во четвртиот период гостите имаа осум поени предност (86:78) и беа на добар пат да ја вратат предноста на домашниот терен, но Ефес направи пресврт со серија од 11:0 за предност од 89:86 која избраниците на Атаман знаеја како да ја сочуваат.
Покрај Мициќ, кај победничкиот тим се истакнаа Елајџа Брајант со 21, Клајбурн со 20 и Тибор Плаис со 17 поени. Кај Фенер, кој постигна 16 тројки, најефикасен беше Скоти Вилбекин со 23 поени, Најџел Хејс додаде 21.
И следниот, четврти натпревар ќе се игра на теренот на Ефес веќе во петок, додека утре својот трет натпревар ќе го одиграат Турк Телеком и Пинар Каршијака, а резултатот е израмнет 1-1 во победи.