Во второто полуфинале на Отвореното првенство на Франција ќе играат Александар Зверев и Каспер Руд.

Ова е епилогот по двата одиграни четвртфинални дуели во кои 22-рангиран на турнирот во Париз Германецот, Зверев го совлада Аргентинецот, Томас Мартон Ечеверија со 3:1 во сетови 6:4, 3:6, 6:3 и 6:4.

Во последното четвртфинален, 4-носител Каспер Руд славеше во четири сета со 3:1 против Данецот, Холгер Руне (6-носител). Норвежанецот тргна моќно и освои два сета со само три загубени гема. Руне успеа да се врати во третиот сет за да ја намали негативата. Во последниот сет Руд прави „брејк“ во четвртиот гем за 3:1, доволно за сигурна предност до крајот на дуелот.

Така Зверев и Руд ќе се борат за место во финалето, во кое ќе игра и подобриот од мега пресметката меѓу двајцата најголеми фаворити за трофејот во Париз, Шпанецот, Карлос Алкараз и Србинот, Новак Ѓоковиќ.

Полуфиналните мечеви во машка конкуренција на програмата се во петок, а денеска дамите ќе се борат за место во финалето, а во полуфиналето ќе играат, (1) Ига Швјонтек (Полска) – Беатриз Хадад Маја (Бразил) и (2) Арина Сабаленка Белорусија и Каролина Мухова.