На отвореното тениско првенство на Франција популарниот Роланд Гарос, кај дамите дуел во четвртфиналето си закажаа Каролчина Мухова и Анастасија Пављученкова.
Ова е исходот по првите два одиграни меча од денешната осминафинална рунда.
Чешката тенисерка Мухова славеше убедлива победа во два сета со 6-4 и 6-3 во дуелот со Русинката Елина Аванесјан, па во четвртиналето повторно ќе игра против руска тенисерка.
Нејзина противничка ќе биде Пављученкова која направи изненадување со елиминацијата на Белгијката, Елисе Мертен која иако го доби првиот сет до 6-3, сепак во следните два подобра беше Русинката со 7-6 и 6-3, за со конечни 2:1 да се вброи мешу осумте најдобри.