Репрезентација на Србија во баскет 3X3 стана светски шампион откако во финалето во Виена ги совлада Соединетите Американски Држави со резултат (21:19).

Србија ја освои титулата по неверојатен пресврт и шест коша во низа, откако САД водеше и беше на чекор од златниот медал со (15:19).

При резултат (19:19) американците промашија два напада за победа, што го искористија србија и стигнаа до златниот медал што е нивни шестти од последните осум првенства.

Србија беше актуелен светски шампион, а само со пласманот во финалето доби виза за олимпискиот квалификациски турнир за Олимписките игри во Париз во 2024 година.

СРБИЈА настапи во состав: Марко Бранковиќ, Страхиња Стојачиќ, Дејан Мајсторовиќ, Михаило Васиќ.
За САД играа: Џимер Фредет, Кенион Бери, Карим Медокс, Дилан Тревис.

Третото место го обезбеди селекцијата на Летонија која беше подобра од Бразил со резултат (22:12).

Во женското финале САД ја совлада Франција со (16:12). Трета селекција е Австралија која ја совлада Кина со (21:20).

Томислав Атанасовски