Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успеа да се избори за своето трето финале оваа година откако во полуфиналето денеска го совлада Олександр Овчаренко од Украина со 2-0 во сетови на фјучрс турнирот во Куршумлијска Бања (награден фонд 25.000 долари). Ивановски претходно играше две финалиња на турнирите во Тунис, но и во двата наврати загуби. Мечот од полуфиналето траеше 101 минута.
Првиот сет му припадна на македонскиот тенисер со 7:5 во гемови, а решавачката предност ја направи во 11.гем кога успеа да направи брејк. Од 5:4 за Овчаренко до крајот на сетот од 15 одиграни поени Ивановски освои 12. Во вториот сет предноста од брејк македонскиот тенисер направи брејк на стартот и поведе со 2:0, а потоа имаше уште еден брејк за 6:2.
Противик во финалето ќе му биде Клемен Табу (Франција) кој со 7:6 (7:5) и 6:4 во сетови го победи Самуел Винсент Ругери (Италија).
Инаку Ивановски и Овчаренко од 13:30 часот ќе го играат финалето во игра на двојки против руските тенисери Андреј Чепелев и Микалаи Халиак.