Првото ,,вечно” дерби во полуфиналната плејоф серија на кошаркарското првенството меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ќе се игра вечерва.

Актуелниот шампион МЗТ ја има улогата на фаворит, од која не бега ниту новиот тренер Васко Атамасов.

„Пресметките против Работнички секогаш носат посебен предизвик, а со тоа и одговорност, да се даде се од себе. Полуфиналето се игра до две победи, поради што нема простор за опуштање. А тоа воедно носи и дополнителен мотив да се даде максимумот од првиот до последниот момент. Ја прифаќаме улогата на фаворит. Но далеку од тоа дека ќе биде лесно. Веруваме во себе и во квалитетот кој го поседуваме, и ако одиграме како што знаеме тогаш победата ќе биде многу блиску. Очекувам спектакл каков што заслужува едно вакво големо дерби, секако со радосен епилог за нашиот тим на крајот“, вели Атанасов.

Натпревар во ,,Јане Сандански” ќе започне од 20.15 часот.