Македонскиот тенисер Калин Ивановски утре (сабота) ќе го игра финалето во двојки на фјучрсот во Куршумлиска Бања (награден фонд 25.000 долари). Тој и Олекасндр Овчаренко во полуфиналето ги победија Марк Лајал од Естонија и Бенџамин Лок од Зимбабве со 6:4, 2:6 и 10:6 (на поени). Тие во финалето ќе играат против тенисерите од Русија Андреј Чепелев и Никалаи Халиан.
Мечот нема да почне пред 13 часот, особено што Калин Ивановски со својот „колега“ од двојки Овчаренко. ќе го играат полуфиналето во поединечна конкуренција. Овој меч почнува во 10 часот.