Екипата на Лацио одигра само 2:2 со Лече на домашен терен. Со ова реми Лацио ја направи уште понеизвесна трката за местата кои водат во Лига на шампиони. Ова за Лече е многу важен бод во битката за опстанок.

Лацио иако важеше за голем фаворит на овој натпревар, сепак не успеа да ја оправда таа улога.

Почетокот на натпреварот им припадна на гостинскта екипа, но не ги посака среќата и во 23-тата минута Габриел Стрефеза не успеа да го искористи досудениот пенал и неговиот удар заврши покрај голот. Во 34-тата минута стигна казната за Лече, а Чиро Имобиле донесе водство за Лацио. Реми Оудин во судиското продолжение успеа да ја пробие одбраната на домаќините и да го изедначи резултатот.

После 6 минути игра во вториот дел Реми Оудин го постигна својот втор гол на овој натпревар и ја доведе екипата на Лече во водство од 2:1.

Лацио создаваше шанси и напаѓаше константно во целиот натпревар. Лече успеваше да одолее на нападите се до 95-тата минута, кога длабоко во судиското надополнување Сергеј Миленковиќ-Савиќ го искористи невниманието на гостинската одбрана и го изедначи резултатот на 2:2, а воедно ова беше и конечниот резултат.

Со освоениот бод Лацио остана на третата позиција на табелата сега со 65, еден повеќе од Интер односно четири од Милан кои исто така се во трка за позициите што водат во Лигата на шампионите.

Филип Василевски