Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска успеа да избори пламсан на главниот турнир на фјучрсот во српскиот град Куршумлијска Бања. Таа во првото квалификациско коло беше слободна, а во следната рунда со 2-0 во сетови (6:3 и 6:0) ја совлада Леонија Стојановиќ од Србија.
Во мечот за пласман на „главниот турнир“ денеска Стоилковска беше подобра од Романката Алексија Јулија Маргинеан со 2-0 во сетови (7:6 и 6:4). Мечот траеше два часа и три минути.
Стоилковска во првото коло на „главниот турнир“ ќе игра против Дуња Мариќ од Србија.