Мирен старт на 4-тата трка од светскиот шампионат во Формула 1 каде возачот на Ферари Шарл Леклерк ја поведе трката без поголеми проблеми и инциденти.
Сепак на првото место беше се до 4-тиот круг кога беше дозволено употребата на дрс па така двократниот шампион Макс Верстапен од Ред Бул на стартот на целната рамнина тоа го искористи и без никакви потешкотии го мина Леклерк.
Неколку кругови подоцна и клупскиот колега на Верстапен, Перез на сличен начин го мина возачот на Ферари па така дуото од Ред Бул ги зазеде првите две места на трката.
Првите проблеми на трката се појавија во 10-от круг кога се појави возилото за безбедност откако возачот на Алфа Таури, Де Врис поради проблеми со возилото застана на патеката.
По повлекување на возилото имаше промени во поредокот бидејќи голем дел од возачите се решија за промена на гумите.
Но, за разлика од стартот трката ја поведе Перез, пред Верстапен и Леклерк.
До крајот на трката немаше поголеми возбудувања па така Мексиканецот стигна до победата пред Верстапен неговиот клубски колега од Ред Бул и Леклерк од Ферари.
За Перез ова е шестта победа во кариерата, а втора на оваа патека.
Бодови уште освоија и Алонсо, Саинц, Хамилтон, Строл, Расел и Цунода.
Во генералниот пласман кај возачите во водство е Верстапен со 93 бода, втор е Перез со 87, трет Алонсо со 67, четврти е Хамилтон со 48, а петти е Саинц со 34.
Кај конструкторите Ред Бул има огромна предност пред Астон Мартин и Мерцедес.
Ред Бул е лидер со 180 бода, Астон Мартин има 87, а Мерцедес 76.
Следната трка се вози веќе следниот викенд на 7 Мај во Мајами, САД.
Томислав Атанасовски