Кими Антонели се врати на победничките патеки во Формула 1 шампионатот.
Откако победи во спринт трката, Антонели ја потврди својата доминација, со освојување на пол-позицијата, во трката за Големата награда на Велика Британија.
Возачот на Мерцедес стигна до својот трет овосезонски триумф во квалификациите по најбрзиот круг на култната патека Силверстоун. Младиот Италијанец извози перфектен круг и го победи Леклер од Ферари за само 175 илјадити делови од секундата.
Искусниот Луис Хамилтон кој во спринтот беше втор, во квалификациите имаше трето време. Џорџ Расел го освои четвртото место и ќе почне од вториот стартен ред.
Со победата во спринтот, Антонели сега има 43 поени предност пред колегата од Мерцедес, Џорџ Расел, кој е втор во Генералниот поредок.
Новата стратегија за управување со електричната енергија на болидите повторно се покажа како клучен фактор за успех на патеката.



































