Марк Маркез ќе ја има пол-позицијата за утрешната трка во Мото ГШ шампионатот што ќе се вози во Унгарија.
Шпанскиот возач на Дукати покажа неверојатна ментална цврстина и покрај падот во првиот свијок на самиот почеток на квалификациите. Тој веднаш го подигна мотоциклот и донесе ризична одлука да продолжи со возење без да се врати во тимскиот бокс. Овој потег се покажа како клучен бидејќи Маркез успеа да го пронајде потребниот ритам во последниот летечки круг.
Педро Акоста со KTM ќе стартува од втората позиција, а првиот стартен ред во Унгарија ќе го комплетираа уште еден Шпанец, Фермин Алдегер.
Овој успех за Маркез има посебна тежина, бидејќи, тој сè уште закрепнува од сложената двојна операција на рамото.
Дополнително, шпанскиот доминираше и во Спринт трката во која зад себе ги остави сонародникот Педро Акоста и Италијанецот, Марко Беѕеки.





































