Tројца Шпанци го запоседнаа пиедесталот во Сан Марино каде попладнево се возеше нова трка во Мото ГП шампионатот.

Најбрз на патеката „Марко Симончели“ беше Марк Маркез од тимот на Дукати. Тој зад себе ги остави својот брат Алекс Маркез од Гресин рејсинг и нивниот сонародник Педро Акоста од КТМ.

Со 79-тата победа во кариерата, во најсилната „кралска класа“, Марк Маркез сега изби на 1.место во Генералниот поредок, за првпат сезонава. Тој има 274 бодови идентично како и второ рангираниот Хорхе Мартин кој денеска заврши петти.