Кими Антонели беше најснаодлив и најбрз во хаотичната трка возена попладнево за Големата награда на Монако во Формула 1 шампионатот.
Младиот Италијанец, возач на Мерцедес, до својата петта сезонска победа и тоа во низа стигна, пред Британецот, Луси Хамилтон од Ферари.
Трката ја одбележаа бројните откажувања како и подолг прекин на 10 круга пред крајот, па болидите влегоа во боксовите. Дополнително тоа направи големи проблеми за возачите, бидејќи голем дел од нив поради брзо возење заработија казни. Затоа конфузна беше и конечниот поредокот, по двајцата прво пласирани.
И по рестартот младиот Италијанец, не му даде шанса на седумкратниот шампион, па Антонели заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот.
Антонели секако ја зголеми предноста во генералниот поредок, во однос на второ пласираниот Џорџ Расел, кој беше прв победник сезонава, а потоа следува доминацијата на Италијанецот.
Наредната трка ќе се вози во Барселона за Големата награда на Каталуња веќе следниот викенд.




























