Второлигашкиот натпревар меѓу Тетекс и Пелистер нај благо речено може да се опише како вистински циркус. Најмалку од се на споменатиот дуел имало фудбал.

Битолскиот тим уште вчера најави, а денеска го објави и видео од завршните 20-тина минути на средбата кој асе играше цели 105-минути, а во кои убаво се гледа присуството на неслужбени лица, бркањето по терен на полицијата и навивачите, тепачка меѓу фудбалерите и се освен фудбал. 

Дополнителен опис не е потребен, па во продолжение во го пренесуваме соопштението на ФК Пелистер и споменатото видео.

Уживајте ако можете.